21-годишна прилепчанка загина во сообраќајка

Од:

Утрово во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за село Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од 21-годишната Е.С. од Прилеп, која загинала на местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобила С.А. исто така на 21-годишна возраст од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари