207 сообраќајни прекршоци во Скопје, 46 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава