204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 65 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 42 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, рече портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

„Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, рече Андреевски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози