204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 118 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник, соопштува МВР.

Оттаму велат дека ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози