Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спровело засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи.
– Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место, известува МВР.
Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.