20 припадници на АРМ повредени во сообраќајка

Од:

Најмалку дваесет лица, припадници на АРМ се повредени се во сообраќајната несреќа што се случила денес околу 17.30 минути на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак. До несреќата дошло откако во автобус на „Струмица експрес“ удрило патничко моторно возило џип марка Ауди.

Според кажување на патник од автобусот, тие се враќале со Струмица Експрес, кој ги превезувал вработените во армијата.

На клучката каде што патот се дели кон Радовиш и Неготино, од десната страна на патот, пред автобусот излегол џип и се удрил со автобусот, по што се превртел и така се влечел околу триесетина метри, а потоа удрил во карпите покрај коловозот.

Од сударот во џипот во кој се превезувале двајца мажи и едно дете, тешко повреден се еден возрасен патник и дете кое во бесознание со амбулантно возило кое случајно поминувало на патот е пренесено на скопската клиника. Тешко повредениот маж е префрлен исто во болница, а третиот патник бил во шок, но контактибилен. Сите триесет патници во автобусот главно поминале со помали повреди, гребаници или набиеници, а неколкумина имале скршеници на рацете или нозете.

 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он