20 наши државјани во Украина одбиле евакуација, дел побарале МНР повеќе да не ги контактира

Од:

Околу 80 отсто од мапираните 120 Македонци во Украина се веќе евакуирани, извести денес министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во моментов се работи на евакуација на осуммина граѓани кои побарале помош за евакуација. Од нив четворица се наши граѓани, а четворица се украински државјани во роднински врски со нашите граѓани. На нивната евакуација се работи, а во Украина се контактирани уште околу дваесетмина наши граѓани кои не бараат евакуација.

„Има и други наши граѓани во Украина, околу 20 со кои се направени контакти, но тие не бараат евакуација. Ќе спомнам некои од нив. Нема да ги кажам имињата туку само првата буква. Семејство Т , три лица, имаат возило, не сакаат да се евакуираат. Семејство А, три лица, мајка и две деца, нагласуваат дека не сакаат да се евакуираат освен ако се случи поголема ескалација во местото каде што престојуваат. Семејство Л , четири лица, јужна Украина, се чувствуваат безбедно и не сакаат да се евакуираат. Семејство С. Три лица во Лавив, безбедни не планираат евакуација. Семејство П четири лица во Запорожје, не сакаат да се евакуираат и замолија повеќе да не ги контактираме во однос на ова прашање“, рече министерот Османи.

На евакуацијата на осумтемина кои побарале евакуација се работи, а за останатите дваесетина не се прават планови за евакуација се додека тие сами не побараат.

Македонската амбасада останува да работи во романскиот конзулат во Украина. Министерот Османи вели дека дипломатите ќе останат таму се додека не се извлече и последниот наш граѓанин, а потоа ќе се носи политичка одлука и како да продолжи со работа Амбасадата.

Тој најави дека денес пред Владата ќе ја презентира информацијата за капацитетите за примање бегалци од Украина во Македонија врз основа на добиените информации од институциите за расположливи капацитети во моментов, но не ја исклучи можноста да се направат и привремени сместувачки капацитети доколку има поголем бран бегалци.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов