20-годишен газда од Виница „на диво“ градел хала во градот

Од:

20-годишен управител на фирма од Виница почнал да гради нов објект во градот, без да поседува дозвола за градба, соопшти полицијата.

„ОВР Виница поднесе кривична пријава против М.Д.(20) од Виница, управител на приватна фирма, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, велат од МВР.

„Пријавениот, од јануари до март 2021 година на катастарска парцела во Виница започнал со изградба на нов објект – хала без да поседува соодветна документација, односно одобрение за градба“, се додава во кусото полициско соопштение.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина