196 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 санкции за нерегистрирани и технички неисправни возила…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он