Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.