19.350 амандмани досега поднесе ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците

Од:

Досега се избројани 19.350 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците кој в понеделник ќе се најде на дневен ред во Собранието. Според информациите од Собранието, нивниот број е поголем но се уште трае броењето на поднесените амандмани.

Ова е рекорден број поднесени амандмани за еден Закон. Досега рекордот го држеше ДУИ со 15.500 поднесени амандмани за Законот за бранители во 2012 година.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која од средината на декември ја бојкотира работата на Собранието најави дека в понеделник ќе се врати во законодавниот дом за да учествува на расправата за Законот за јазиците.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инаетењето на предлагачите “на сила да го истуркаат неуставниот закон за двојазичност не е на штета само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Република Македонија“.

„Одлуката на Владата да не го повлече законот и да не отвори конструктивна расправа околу законот може да предизвика долгорочни последици по државата и да ја наруши кохезивноста меѓу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се во одбрана на државните и национални интереси. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе сторат сè што е во наша моќ за да се спречи ваквата деструктивна политика. Пратеничката група ќе се врати во собраниските клупи и со амандмани ќе се обиде да го превенира донесувањето на неуставниот закон“, изјави Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за јазиците месецов беше изгласан од парламентарното мнозинство, но претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише. Поради тоа, Законот повторно се враќа во Собрание, а неговото трето читање е закажано за в понеделник, 29 јануари.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител