Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што соопштува МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.