Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.