Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 19 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.