183 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 44 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возач почетник, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 35 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози