181 сообраќаен прекршок во Скопје: 66 за пребрзо возење, 15 возеле без возачка дозвола

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон…, соопшти МВР

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози