180 сообраќајни прекршоци во Скопје: 25 за пребрзо возење, 19 возеле без возачка дозвола

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за користење на мобилен телефон. Изречени се и 30 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози