Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 10 санкции за возачи почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање, соопштува МВР.
Оттаму велат дека ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.