172 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава