17 вработени добија отказ од Меморијалниот центар на Тоше

Од:

Вработени во Меморијалниот центар на Тоше Проески во Крушево кои овде работеа преку Aгенцијата за вработување излегоа на мирен протест, откако директорката на музејот утрово им соопштила повеќе да не доаѓаат на работа пренесува битолската телевизија Тера.

За помош се обратиле и кај крушевскиот градоначалник. Тие за телевизијата изјавиле дека договорите не им биле продолжени од крајот на минатата година, но оти и понатаму продолжиле да доаѓаат на работа. За тоа не добивале пари, под образложение дека кога ќе има средства ќе им бидат исплатени платите.

Иако им било ветено дека ќе бидат задржани на работа, нештата се смениле во последен момент. Велат дека ги избркале и денес им забраниле влез во објектот. Доаѓавме на работа , им требавме додека имаше многу посетители. Кој нас сега ќе ни исплати за тоа што работевме порано пренесува телевизја Тера изјава на еден од вработените. Директорката на музејот не била достапна за коментар да одговори зошто 17 вработени протестираат пред музејот. Тие не дозволија заинтересираните туристи да влезат во музејот.

 

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија