167 санкционирани возачи во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла…, велат од МВР.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози