165 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење, 12 без возачка

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 25 возачи, 12 санкции за возење без возачка дозвола, 2 за прекршоци што ги чинат пешаците, велат од МВР.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, една санцкција за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 45 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ