164 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за возач почетник…, соопштуваат од МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава