157 сообраќајни прекршоци во Скопје: 56 за пребрзо возење, 16 возеле без возачка дозвола

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење на мобилен телефон…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава