153 санкционирани возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за нерегистрирани возила, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…, соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он