15 сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето наСекторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, петсообраќајни незгоди со телесни повреди и осум со материјалнаштета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешкителесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.

Одпреземените мерки и активности констатирано е дека 18 возачи гоуправувале возилото со брзина поголема од дозволената, еденвозач е санкциониран поради управување на моторно возило поддејство на алкохол, а девет возачи биле исклучени од сообраќајотбидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право зауправување на моторно возило.

Поради технички неисправнивозила од сообраќајот исклучени се четири возила и 10 возилапоради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во однос напешаците, санкционирани се девет пешаци бидејќи поминале наколовоз надвор од пешачки премин.

Санкциониран е по еден возачпоради недавање првенство на минување и неправилнопрестројување и двајца возачи се санкционирани порадинеправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издаденисе 96 мандатни платни налози, додека 81 возило е подигнато со „пајак“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози