15 саксии со марихуана случајно откриени од пожар на Марково Крувче

Од:

Скопски полицајци, вршејќи увид на местото на помал шумски пожар на падините на Водно, вчера случајно откриле 15 саксии со марихуана, скриени во близина на месноста Марково Крувче, соопшти МВР.

„На 29.07.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк – шума „Водно“, на место викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума. При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот“, се вели во соопштението од полицијата.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски