15-годишно девојче на велосипед тешко повредено по удар од атомобил

Од:

Петнаесетгодишно девојче од Скопје кое управувало велосипед ноќеска половина час по полноќ е потешко повредена, откако била удрена од автомобил.

Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски – Бато“ и „Јане Сандански“.

Патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишното девојче.

Таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози