15 години затвор за неготинецот кој крвнички до смрт ја претепа партнерката

Од:

15 години затвор доби неготинецот кој крвнички ја претепа партнерката која по неколку дена почина од повредите соопшти Основниот суд од Кавадарци.

– Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за ВИНОВЕН за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените Тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата се наведува во соопштението од Судот.

51-годишниот неготинец на 2. август годинава отишол во домот на жртвата каде имало расправија по што тој со тупанци ја удирал по главата и ја турнал во туш кабината. Жената беше во кома, од болницата во Кавадарци беше пренесена во Скопје во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Почина на 6. август.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Четири лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Девојче сакаше да се самоубие поради насилниот татко, а скопјанка скокна од возило за да се спаси од насилниот сопруг

За 24 часа: Полицијата интервенираше по пет пријави за семејно насилство, приведени двајца

Горан Наумовски

Скопјанец ја повреди сопругата и нејзината мајка, се закануваше дека ќе си го убие детето

Горан Наумовски

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени