Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 47 за непрописно паркирање…, известува МВР.
Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР