142 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Од:

Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) во периодот од 8 до 12 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 142 пешаци од кои, 118 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

На 17 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 44 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци