14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди, од кои три со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а девет со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 11 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа: деветмина управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден управувал возило под дејство на алкохол и еден бил – возач почетник.

Покрај ова, од сообраќај исклучени се и 18 возила: 11 – бидејќи биле нерегистрирани, додека седум возила биле технички неисправни. Исто така, двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца – неправилно престигнувале, додека девет возачи непоседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози, додека 82 возила се подигнати со „пајакот“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози