138 санкционирани возачи во Скопје, 14 без возачка

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се девет мерки за користење на мобилен телефон, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 51 за непрописно паркирање…, соопшти МВР.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози