137 заразени со коронавирус и 3.138 болни и немоќни лица се пријавиле за гласање, рокот истекува на полноќ

Од:

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави за гласање и од 3138 болни и немоќни лица. Оваа бројна состојба е заклучно со вчерашниот ден, а пријавувањето е отворено до вечерва на полноќ.

Тие ќе можат да гласаат дома, а за нив ќе бидат формирани посебни тимови во кои ќе има и здравствени работници.
Од Државната изборна комисија известија дека од вкупно 300 здравствени работници кои треба да бидат вклучени во изборниот процес, добиле 100 барања за изземање од различни причини. Барањата се прифатени на 80 здравствени работници.

„Имаме мал проблем околу изборот на здравствените работници. Од веќе избраните, 80 донесоа медицинска или друга документација со која потврдуваат дека не можат да учествуваат во изборниот процес. Сега пак ќе ги менуваме, ќе избереме нови по случаен избор“, велат од ДИК.

Изземените здравствени работници донеле документација за хронични болести, дел биле пензионери, а меѓу избраните имало и такви кои не можат да се најдат на пријавените адреси. ДИК работи на собирање податоци за пополнување на тимовите.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека доставиле до ДИК списоци на здравствени работници по општини, а дека изборот ќе го направи Комисијата.

„Има мал број здравствени работници кои се пријавиле дека имаат хронични болести, тие може да се повлечат. Предвидено е по тројца здравствени работници да има во секоја општина, сметам дека може да се направи селекција“, рече министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски