130 илјади граѓани во моментов немаат биометриски лични карти

Од:

Дури 100.000 граѓани во Македонија и 30.000 во странство, ако сакаат да гласаат на следните избори, ќе треба да извадат биометриски документи, соопшти денеска работното тело на Државната изборна комисија.

Претставникот од СДСМ во работната група, Јани Макраули, побара МВР да достави извештај за состојбата со изадавањето на лични карти во Ресен и на неколку скопски општини, каде има сомнежи дека се создава вештачко гласачко тело во корист на власта.

Според опозицијата, Македонци од Мала Преспа од Албанија аплицираат за лични карти во Ресен, каде не се жители, туку власта фиктивно ги доселува пред избори, за да обезбеди гласови.

ДИК најави дека утре ќе прави анализа и споредба на бројките со гласачи во одделни општини, токму поради овие сомнежи. Комисијата очекува полицијата да одговори дали во овие илјадници гласачи се кријат нови жители на градот, ангажирани специјално за изборите или станува збор за сезонски работници низ овоштарниците, како што тврдеше ресенскиот градоначаланик.

Пред утрешниот состанок во Државната изборна комисија, МВР ќе достави информации околу гласачите кои немаат биометриски документи и колку има нови апликанти за лични карти и дали постојат илјадници случаи, како што тврди опозицијата, со нови жителства.

ДИК најави дека во наредниот период, во пресрет на локалните избори, преку кампања ќе ги повика граѓаните да извадат биометриски исправи, за да може да го остварат гласачкото право.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме