13 сообраќајќи во текот на вчерашниот ден

Од:

Едно лице загинало во една од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно биле повредени пет лица, а во осум причинета е материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, едно лице било исклучено од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол, четири лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и шест лица со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и шест возачи поради неправилно престројување. Затекнати биле 93 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 82 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ