13 санкционирани возила со кои се врши јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово

Од:

Вчера, во периодот од 11.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово, во рамки на континуираните акциски контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и комбиња, биле откриени и санкционирани пет возила (ГВ) со неисправни сопирачки и осум возила (ТЕ-4 и ГВ-4) кои непоседувале соодветни документација за вршење јавен превоз, информира МВР.

– Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против возачите и правните лица кои вршеле јавен превоз без комплетна документација, согласно член 284-А од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он