А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

13 политички партии поддржаа декларација за одржлив национален одговор кон ХИВ

by А1он22/11/2016 - 14:4322/11/2016 - 14:46228
Share0

Тринаесет политички партии денеска ја поддржаа Декларацијата за обезбедување на финансирањето на програмите за заштита, превенција и поддршка на ХИВ, предложени од граѓански организации. Претходно тие учествуваа на тркалезната маса на тема „Обезбедување на одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ“.

Добивај вести на вибер

Драгана Кипријановска од Демократски сојуз рече дека со актот на потпишување на Декларацијата укажале на нивната поддршка да продолжат со активна соработка со граѓанскиот сектор, и прикажале пред јавноста дека имаат доволно слух да ги препознаат и да одговорат на реалните потреби на граѓаните.

Маја Морачанин од Демократската обнова на Македонија истакна дека при донесувањето на новиот буџет се заложиле дека средствата за овие ранливи категории луѓе мора да се обезбедат, бидејќи, како што рече, во спротивно би дошле во опасност од развој на епидемија на СИДА.

– За нас како политичка партија многу важна платформа е обезбедувањето на социјална правда, еднакви можности за сите и недискриминација.  Во рамки и на овие наши заложби се грижиме секогаш за ранливите категории по различни основи. Во овој случај станува збор за луѓе кои се ранлива категорија во висок ризик од ХИВ/СИДА, додаде Морачанин.

Елизабета Божиноска од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и претставник на платформата за одржливост на ХИВ програмите, рече дека преку настанот имале можност да отворат дијалог меѓу политичките партии и граѓанскиот сектор.

Посочи дека идната година заминува Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија и е потребно како држава да преземеме мерки сите воспоставени програми изминатите 12 години со кои се држи под контрола инфекцијата, да бидат одржливи.

– Политичките партии се обврзаа преку своите претставници во Парламентот по изборите, и преку претставниците на извршната власт доколку имаат можност да бидат дел од неа, да иницираат и да подддржат обезбедување финансиски средства за сите програми за превенција за ХИВ по повлекувањето на меѓународната подршка, но и да се заложат, иницираат и да поддржат подзаконски или законски механизми со кои ефективно ќе можат да се одржат овие програми во иднина, со кои ќе се овозможи нивна финансиска поддршка од страна на домашниот буџет по повлекувањето на меѓународната поддршка, нагласи Божиноска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека за идната година во буџетот на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Македонија се предвидени 27 милиони денари.

– Проценките кои ги направија експертите кои ги ангажираше Министерството за здравство предвидоа дека се потребни најмалку 65 милиони денари за да се одржи третманот, за да се обезбеди третман за целата година и за шест месеци да се обезбеди одржливост на програмите за превенција, додаде Божиноска.

Декларација ја поддржаа Демократска обнова на Македонија, Демократски сојуз, Движење за реформи ДПА, Достоинство, Левица, Либерална партија, Либерално-демократска партија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Партијата за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Унитети, Фродем.

hivizbori 2016partii

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Горан Наумовски06/12/2024 - 12:15

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Александар Тодески12/04/2024 - 09:55

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on12/04/2024 - 09:55

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on20/03/2024 - 14:31

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

Предраг Петровиќ19/11/2023 - 13:05

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on02/11/2023 - 14:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен