13 државни службеници вработува новата агенција за примена на јазикот

Од:

Новата Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Северна Македонија објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции.

Во огласот се бараат по еден државен советник за преведување и лекторирање. Пишува дека е предвидено за тие позиции нето-платата да биде 37.968 денари.

Се бараат и државен советник за соработка со Владата и односи со јавност за иста плата од 37.968 денари.

Останатите позиции се: раководители на секторот за поддршка на директорот за плата од 36.930 денари, таководител на секторот за планирање, координација и развој, раководител на сектор за превод и лекторирање, на одделението за соработка со Владата, на Одделение за превод, раководител на одделение за лекторирање…

Со огласот се бараат и советник за следење унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, соработник за следење унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, помлад соработник за информатичка поддршка, помлад соработник за соработка со Владата…

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе распарава за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Со фолк хитови пред МАНУ се бараше укинување на двојазичноста

Искра Манојлоска

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ќе се анализираат по изборите

Ана Ололовска

Патлиџанковски: Законот за јазици се спроведува споро

А1он

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи