Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.