А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

120 случаи на голема кашлица во Скопје

by А1он04/03/2024 - 11:15211
Share0

Од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

Следете a1on на Instagram Instagram

На Универзитетска Клиника за детски болести во главниот град, моментално има само едно дете со голема кашлица. Станува збор за доенче од Куманово, примено на скопската Детска клиника во петокот, а неговата здравствена состојба е стабилна, потврди професорката Светлана Кочева од Клиниката за детски болести.

Комисијата за заразни болести ќе има состанок утре од 12 часот, ќе се расправа за состојбите во државата, а меѓу темите се и големата кашлица и грипот.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 28 февруари, министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски изјави дека при контролите за вакцинација во градинките, поради епидемијата со голема кашлица, не се констатирани прекршоци.

– Ги зголемивме, како што и ветив и пред една недела, контролите, инспекторите се на терен. Имаме записници добиено по основ на самите инспекциски надзори. Досега не се констатирани прекршувања, односно во самите решенија коишто се доставени од инспекторите нема прекршување на делот каде што градинките не го почитуваат законскиот момент за прием на деца кои немаат вакцинални картони, односно се здрави. Така што, има контроли, на терен се инспекторите, сме во постојана координација и се надевам дека ќе придонесеме да не се рашири повеќе оваа болест, нагласи техничкиот министер за труд и социјална политика.

На 15 февруари, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири беше прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според него, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

– Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

golema kaslica

Би можело да ве интересира

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Горан Наумовски25/10/2024 - 15:40

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Катерина Ѓуровски05/08/2024 - 14:42

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

Катерина Ѓуровски07/06/2024 - 14:10

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски28/05/2024 - 09:0928/05/2024 - 11:55

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај

Предраг Петровиќ13/05/2024 - 16:34

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Катерина Ѓуровски18/04/2024 - 12:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео