12 години од офанзивата на македонските вооружени сили во Арачиново

Од:

Денеска се одбележуваат 12 години од офанзивата на македонските вооружени сили во Арачиново во 2001-та, во обид да се заземе селото, во кое на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА под водство на Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, прогласи слободна територија.

Во битките на македонските вооружени сили и припадниците на ОНА во Арачиново загинаа тројца припадници на полицијата: Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев, а Оливер Китановски, кој беше тешко ранет, почина во болница на 28 јуни.

Неколку дена откако македонските бранители влегоа во Арачиново, со одлука на државниот врв и претставниците на НАТО и ОБСЕ беше донесена одлука да се повлече македонската војска, а припадниците на ОНА беа евакуирани од Арачиново со автобуси под покровителство на НАТО.

Оваа одлука предизвика револт кај граѓаните, по што се организираа масовни протести со нереди пред Собранието.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Хејдари: Не ни е грижа колку долго ќе трае војната

Горан Наумовски

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран

Трамп под притисок на безбедносните советници поради можен напад врз Иран

Горан Наумовски

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски