117 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол, три санкции за возење повеќе од дозволената брзина, осум санкции за технички неисправни возила. Изречени се 14 санкции за недавање предност на пешаци на пешачки премин, три мерки за возач почетник, две санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал црвено светло…, соопшти МВР

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава