114 санкции за брзо возење во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 114, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас, велат од МВР.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), 20 за непрописно паркирани возила.

Од министерството известуваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози