11 полицајци повредени на вчерашниот протест за „Монструм“, сите се со лесни телесни повреди

Од:

На вчерашниот протест кој го организираа роднините на осудените во „Монструм“ се повредени вкупно 11 полицајци. Веднаш по протестот МВР јави дека бројот на повредни полицајци е седум, но повреди имале уште четворица полицајци поради кои бројката се искачила на 11.

Сите се на домашно лекување.

„Кај сите полициски службеници се констатирани лесни телесни повреди и истите по извршен преглед се пуштени на домашно лекување“, велат од МВР.

Досега во полициска станица се приведени осум демонстранти, а по насоки на Јавен обвинител ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидено и казниво по член 385 од Кривичниот законик.

„СВР Скопје презема активни мерки и  активности за дополнителна идентификација на други лица кои учествуваа во нарушувањето на јавниот ред и мир по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, велат од МВР.

Демонстранти со фантомки вчера на протестот врз полицијата фрлаа камења, јајца, балони со вода, боја, пластични столици, а врз полицијата ги фрлаа и металните корпи за отпадоци што ги откорнуваа од тротоарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите