11 години од Карпалак, се уште се бара вистината за конфликттот во 2001

Од:

„Единаесет години положуваме венци и цвеќе и палиме свеќи на банкината. Бараме еден камен да се постави за 10-те бранители, прилепски херои кои загинаа на ова место.

Останува и проблемот со сквернавењето на плочата и очекуваме дека надлежните нема да дозволат да се повтори минатата година кога веднаш по одбележувањето на овој датум, откако заминавме, плочата беше скршена“, рече на одбележувањето на 11-годишнината од Карпалак, Ацо Јованоски Реган, возач на автобусот кој беше дел од нападнатиот армиски конвој во кој загиинаа 10 прилепски резервисти.

На одбележувањето беа министрите за здравство и за оразование Никола Тодоров и Панче Кралев, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, делегација од Кабинетот на претстедателот на Република Македонија, Генералштабот на АРМ , роднини и пријатели на трагично загинатите .

Претставникот на Здружението на резревни воени обврзници од Прилеп Јордан Трајковски искажа незадоволството од односот на државата кон бранителите. Ја бараат вистината за конфликтната 2001 и решавање на барањата на бранителите и нивните семејства.

На 8 август 2001, непосредно пред потпишувањето на рамковниот договор, армиски конвој со 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он