11 активни пожари им задаваат маки на противпожарните екипи

Од:

До 19 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои: активни се 11, локализирани се два пожари, изгаснати се девет, а под контрола е еден пожар.

Активни пожари се во Прилеп – с. Бешиште (мешана шума), Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки) Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал) Дебарца-Струга – с. Волино кон с. Ливада, Охрид (ниска вегетација и жито) Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен) Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација) Гостивар – автопат Гостивар-Тетово (ниска вегетација).

Локализирани се во Делчево каде гореше градска депонија и во Желино – с. Ларце каде гореше ниска вегетација и грмушки.

Изгаснати се пожарите во Чучер Сандево – црква Св. Недела (ниска вегетација) Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) Гази Баба – парк-шума „Гази Баба“ (ниска вегетација) Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација) Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште) Бутел – с. Визбегово (ѓубре) Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација) Росоман – с. Сирково (ниска вегетација) и Липково – с. Никуштак (ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни