107 санкционирани возачи во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи информира дека продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат пешаците, пет за управување под дејство на алкохол, три за некористење сигурносен појас и 35 санкции за непрописно паркирани возила, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози