СДСМ: Од заробена држава до светол пример, тоа е голема разлика

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со најпозитивниот Извештај од Европската Комисија и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Наместо да се израдува на успехот на татковината, наместо да честита за реформите стара плоча во ВМРО-ДПМНЕ измислици и конструкции.

Граѓаните добро знаат дека „заробена држава“ создаде Никола Груевски чив советник беше токму Христијан Мицкоски. Од заробена држава кога Мицкоски го советуваше Груевски, до светол пример за само 2 години е огромна разлика, неспоредливо.

Згора на се, погубните совети на Мицкоски ја чинеа државата над два милиони денари.

Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Како награда за тоа што го урниса енергетскиот систем, од Владата на Груевски, Мицкоски добива и државно земјиште за неговиот бизнис со хидроцентрали.

Додека државата беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија Мицкоски си тераше бизниси и мислеше на хидроцентралите.

Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски.

За разлика од времето кога бројот, имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа криени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Денес, сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците