Мицкоски: Заев ги понижи и ги изманипулира граѓаните

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред граѓаните во Виница истакна дека имал средба со голем број на граѓани и директно од нив слушнал дека граѓаните со СДСМ и Заев живеат многу лошо, во беда и сиромаштија, додавајќи дека на тоа мора да му дојде крајот а тоа е возможно само со поддршка на претседателските избори за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-Ова не се само претседателски избори, ова е многу повеќе од тоа. Ова е крај со остатоците од транзицијата, ова е крај од криминалното семејство кое што ден денешен крстари по Европа со Мерцедес, Мајбах и Бентли. Ова треба да биде крај за недостоинствена Македонија, ова треба да биде крај за криминалците во Република Македонија и затоа ние е потребна победа, на 21 април масовно да излеземе и да го подржиме нашиот кандидат идниот претседател, Гордана Силјановска Давкова, рече Мицкоски.


Toj кажа дека Зоран Заев заборавил на сите ветувања кои што ги дал пред граѓаните потенцирајќи дека не е правда да се ветува загарантиран откуп и повисоки субвенции, а кога ќе дојде ден за откуп земјоделските производи остануваат на нивите необрани.

-Не е правда кога им ветувате на луѓето загарантиран откуп повисоки субвенции и стимулации во земјоделието, а кога ќе дојде денот и овде во Виница, и во Кочани и во Пелагонија останува необран на нивите, вели тој.

Мицкоски додаде дека Заев го понижал и ги изманипулрал граѓаните ветувајќи им дека кога ќе дојде на власт ќе ги открие сите нерасчистени убиства, додека сега од позиција, бега.

-Не е правда господине Заев кога ќе ги лажете децата починати трагично на Смилковското езеро, а денеска да бегате да ги погледнете во очи. Да им велите дека он знаете кој се вистинските сторители на тој немил настан. Не е тоа правда. Не е правда да велите дека живот ќе донесете а пекол донесовте во Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски